Во Индија убиени 4 маоистички бунтовници

Најмалку четворица маоистички бунтовници се убиени во одвоени престрелки со индиската полиција, соопшуваат индиските власти. Полицијата уапсила и неколку бунтовници и им го одзела оружјето. Маоистите оперираат во 20 од 28-те индиски покраини и велат дека се борат за правата на сиромашните и обесправените. Нивна најчеста цел се високите владини функционери.