Експлозии во Багдад, убиени 25 луѓе.

Најмалку 25 луѓе се убиени во експлозија на две бомби во Багдад, јавуваат тамошните власти. Од едната експлозија е оштетена зградата на Министерството за правда, а другата експлодирала во близина на канцеларијата на гувернерот и предизвикала пожар. Никој не презел одговорност за нападите.