Македонија ќе го зголеми бројот на војници во Авганистан

Македонија ќе испрати уште 80 војници во ИСАФ операциите во Авганистан,наредната година, изјавил заменик министерот за одбрана Емил Димитриев од Братислава, каде се одржува состанокот на Министерскиот совет на НАТО и на земјите учеснички во ИСАФ операциите во Авганистан. Централна тема на Сосотанокот била стратегијата за Авганистан.