Маоистите убиле двајца луѓе во Индија

Маоистичките бунтовници во Индија застрелале двајца селани под сомневање дека се информатори на индиската полиицја, соопштиле тамошните власти. Бунтовниците киднапирале тројца мажи , а подоцна полицијата успела да ги најде телата на двајца од нив. Бунтовниците кои оперираат во 20 од 28-те покраини во Индија, велат дека тие се борат за правата на сиромашните и маргинализираните .Нивна цел обично се високите владини функционери.