Македонија ќе продолжи да учествува во мисијата во Авганистан

Состојбата во Авганистан е поризична отколку при претходната посета, но тоа е и нормално бидејќи се приближува вториот круг на избори, кога Авганистан треба да добие власт од која се очекува да тргне кон вистинските реформи, изјавил министерот за одбрана Зоран Коњановски кој е во посета на Кабул. Тој се сретна со командантот на мисијата ИСАФ, Стенли Меккристал, со цивилниот претставник на НАТО, Фернандо Џантиле и со македонските војници кои се на мисија во Авганистан. Коњановски изјавил дека Македонија ќе продолжи со своето учество во ИСАФ и ќе придонесе за обука на авганистанските безбедносни сили заедно со Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт.