Премиерот од утре во посета на Австралија

Премиерот Никола Груевски од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Австралија. Груевски ќе се сретне со премиерот на Австралија Кевин Рад, со кој ќе потпишат Договор за социјално осигурување, со кој на македонските иселеници во Австралија ќе им се овозможи да си ги остварат своите права од пензиско осигурување и доколку се вратат во Македонија. Премерот ќе се сретне и со македонските иселеници во Сиднеј и Мелбурн.