Пакистан решителен во битката против талибанците

Пакистанските лидери соопштија дека воената офанзива против талибанските упоришта во Јужен Вазиристан напредува и оти нема да биде запрена од самоубиствените напади во другите делови од земјата. Премиерот Јусуф Гилани изјавил дека на синоќешниот состанок на владата било решено дека операциите против талибанците мора да продолжат.