Во Иран денеска инспектори за атомска енергија

Инспектори на Меѓународната агенција за атомска енергија денеска треба да заминат за Техеран за да ја проверат втората иранска фабрика за збогатување на ураниум во близина на градот Ком. Иранската агенција ИРНА соопшти дека инспекторите ќе останат во Иран два до три дена. Во минатиот месец Техеран обелодени дека гради нова постројка за збогатување на ураниум што предизвика загриженост меѓу светските сили кои се сомневаат дека Иран всушност се обидува да дојде до атомска бомба.