НАТО го поздрави новиот план за противракетна заштита

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска во Братислава го поздравија новиот проект за противракетна заштита на Европа што го понуди американскиот претседател Барак Обама наместо стариот противракетен штит. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека би било добро ако во реализацијата на тој проект соработува и Русија.