Најдени тела на удавени имигранти на унгарско српската граница

Унгарската и српската полиција пронашле тела на тројца удавени на реката Тиса меѓу двете земји. Според новинските извештаи, 19 мигранти од Косово во минатата недела се обиделе да ја минат реката на пат кон Унгарија, но нивниот брод потонал. Од полициски извори се дознава дека бројот на удавените би можело да биде поголем. Претходно еден човек и две негови деца биле пронајдени живи на брегот на Тиса.