Груевски: со меѓусебно почитување до решавање на спорот со Грција

Македонија одбележува 116 години од основањето на ВМРО, симболот на организираното македонско револуционерно движење кое ќе одигра клучна улога во борбата за национално признавање на македонскиот народ и неговото државно правно конституирање, изјави премиерот Никола Груевски на денешната централната прослава на Денот на македонската револуционерна борба во Скопје. Осврнувајќи се врз прашањето за името, Груевски изјави: Посветени сме на процесот за изнаоѓање прифатливо решение со Грција за спорот околу нашето име, кој ни е наметнат. Но, би сакал да порачам дека бараме меѓусебно почитување и оти времето на меѓусебни блокади мора да престане. Само со дијалог, меѓусебен респект, работа и разбирање можеме да најдеме решенија за проблемите, нагласи премиерот Груевски.