Чешка ке партиципира во новиот американски одбранбен план

Чешкиот премиер Јан Фишер изјави дека неговата земја е подготвена да партиципира во новиот американски ракетен одбранбен план. Тој по средбата со американскиот потпретседател Џо Бајден во Прага изјави дека Чешка ке партиципира во обликувањето на планот и неговата изградба кога ке добие поконкретни информации за тајмингот. Американскиот Потпретседател Џо Бајден пак изјави дека ке испрати тим експерти во Прага следниот месец. Прага е последната станица од неговата европска турнеа посветена на барање подршка на новиот американски ракетен одбранбен план за пресретнување ракети од краток и среден дострел. Бајден доби подршка и од Романија и Полска. Во Чешка и Полска, според плановите на претходниот американски Претседател Џорџ Буш, требаше да биде изграден анти ракетен одбранбен систем на кој силно се противеше Русија.