Билјана Плавшиќ од денеска на слобода

Поранешната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ од денеска е на слобода, соопштил премерот на РС, Милорад Додиќ. Шведскиот суд денеска одлучи да ја пушти Плавшиќ на условна слобода , откако таа одлежа две третини од својата казна од 11 години затвор. Таа беше осудена за воени злосторства во текон на војната во БиХ.