Фуере и Фреден:Спорот со Грција за името треба веднаш да се реши

Македонија веднаш да ги интензивира преговорите со Грција за изнаоѓање на решение за името, пред состанокот на Советот на Европа на кој треба да се одлучи за почеток на преговорите. Ова го порачале евроамбасадорот Ерван Фуере и шведскиот амбасадор Ларс Фреден чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции. Фуере изјавил дека нема причина з процесот да се одолговлекува и дека Владата треба да го искористи моментот и да најде компромисно решени. Фреден порачал дека вакава можност на Владата нема да се повтори уште долго време.