Путин:Гасоводот Јужен Крак ќе биде готов порано од планираното

Рускиот премиер Владимир Путин, изјави денеска дека гасоводот Јужен Крак би можело да биде готов порано од планираното, пред 2013-та. Путин во Санкт Петерсбург се сретна со италијанскиот премиер Силвио Берлускони . Двајцата политичари разговарале по телефон со турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган. Нафтоводот, кој ќе го градат руски "Гаспром" и италијанскиот Ени, ќе го пренесува рускиот гас до Европа преку Црното Море. На гасоводот Јужен Крак се гледа како на ривал проектот Набуко, кој е подржа од ЕУ.