Македонија отвара амбасада во Приштина

Македонија наредната недела ќе отвори амбасада во Приштина, пренесува Танјуг. На отварањето ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на Македонија и на Косово, а министрите ќе потпишат и неколку договори. За македонски амбасадор се споменува името на Тодор Нанец, претседател на Комисијата за физичко одбелжување на границата меѓу Косово и Македонија.