И Романија даде подршка за новиот противракетен систем

Американксиот потпретседател Џо Бајден, денеска изјавил дека Вашингтон ја прифаќа подршката на Романија за противракетниот систем. Бајден во Романија се сретнал со претседателот Трајан Басеску, но Басеску не комнтирал за американскиот план. При вчерашната посета на Полска, од полскиот претседател доби одговор дека и тие ќе учествуваат во предложениот нова концепт на противракетен систем. Новиот систем , вклучува антиракетни бази во Европа. Романскиот министер за надворешни работи изјавил дека со новиот противракетен систем, целата територија на Романија ќе биде заштитена од евентуални ракетни напади.