16 луѓе загинале во борби во Могадишу

Во артилериска битка меѓу исламистички бунтовници и сомалијските владини сили, во главниот град Могадишу, загинале најмалку 16 луѓе. Според очевидци, бунтовниците го нападнале меѓународниот аеродром во време кога претседателот Шеик Шариф Ахмед заминувал на состанок во Уганда. Претседателот не бил повреден, а мировниците од Африканската Унија возвратиле со артилериски оган. Сомалија веќе 18 години нема ефективна влада, а во главниот град Могадишу речиси секојдневно има напади на исламистите, кои го контролираат поголемиот дел од јужна Сомалија.