Намалување на платите на менаџерите во САД?

Американската администрација планира да им нареди на компаниите кои добија голема владина финансиска помош, да им ги намалат приходите на своите најплатени менаџери. Ова се очекува да биде соопштено во наредните денови, а доаѓа откако некои американски комании најавија исплати на високи бонуси во време кога Соединетите Држави сеуште се справуваат со огромна стапка на невработеност.