Џозеф Бајден во Романија

Потпретседателот на САД Џозеф Бајден допатува во Букурешт, каде што денеска ќе разговара со романските власти. Ова е втора станица од неговата европска турнеја во која ќе биде вклучена и Чешката Република, чија цел е да се потврди американското партнерство со државите во регионот во однос на новиот американски антиракетен систем. Претходно тој ја посети Варшава, каде што повтори дека поради отстапувањето од стариот план за американскиот антиракетен штит во Полска и во Чешка, ни малку не се менуваат обврските кои САД и НАТО ги имаат околу гарантирањето на безбедноста на овие земји.