Вооружен човек држи заложници во Канада

Лице вооружено со пушка држи засега непотврден број заложници во службена зграда во центарот на Едмонтон, главниот град на канадската провинција Алберта, соопшти полицијата. Повеќето од 700-те вработени во повеќекатницата се евакуирани, а полицијата ја има опколено зградата и пристапните улици и распоредува специјалци. Една од евакуираните службенички изјавила дека мисли оти деветмина се киднапирани на осмиот кат од зградата. Полицијата се обидува да стапи во контакт со напаѓачот и мирно да ја реши ситуацијата, изјави портпарол на полицијата.