Обид за грабнување на египетски авион

Службата за безбедност на авиокомпанијата Иџипт Ер спречила лице кое заканувајќи се со нож направило обид да киднапира авион што летал од Истанбул за Каиро. Киднаперот бил Суданец и го употребил ножот што го добил со оброкот во авионот за да и се закани на посадата веднаш по напуштањето на турскиот воздушен простор. Обезбедувањето на авионот успешно го совладало и никој не е повреден. Авионот со 57 патници безбедно слетал во Каиро.