Се зголемуваат правата не жените во Кувајт

Жените во Кувајт можат да вадат пасош без одобрение на својот маж, пресудил судот во Кувајт .Со оваа одлука на судот се става крај на законот од 1962-та година според кој жената мораше да добие потпис од мажот ако сака да вади лични документи. Законот е укинат бидејќи го крши уставното право за еднаквост меѓу половите. Активистите за човекови права ја подржале одлуката, но сметаат дека и понатаму никој не ја гарантира еднаквоста меѓу мажите и жените. Жените во Кувајт, право на глас добија во 2005-та, а оваа година првпат жени станаа пратенички