Судењето на Демјанук нема да се одложи

Германскиот уставен суд го отфрлил барањето за одложување на судењето на Џон Демјанук, обвинет дека учествувал во убиството на повеќе илјади луѓе во Полска, за време на нацистичкиот режим. Демјанук е обвинет за убиство на најмалку 27 илјади Евреи во логорот Собибор за време на Втората Светска војна. Тој тврди дека бил војник на Црвената армија и никогаш никого не повредил. Судењето треба да започне на 30 ноември во Минхен.