Нормализација на турско - ерменските односи

Турската Влада денеска до Парламентот ги достави за ратификација двата протоколи за нормализација на билатералните односи со соседна Ерменија. Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу и шефот на ерменската дипломатија Едуард Налбандијан на 10 октомври во Цирих ги потпишаа протиколите за развој на билатералните односи и за воспоставување на дипломатски односи меѓу Турција и Ерменија.