Во Пакистан затворени училиштата

Во Пакистан денеска се затворени сите училишта по двата напади врз Меѓународниот Исламски универзитет во Исламабад во кои 8 лица го загубија животот. Според полицијата, училиштата ќе бидат затворени до крајот на неделава за да се подобрат безбедносните мерки. Пакистанската армија деновиве започлна офанзива против талибанските милитанти во регионот Јужен Вазиристан.