Прогноза за времето денеска- сончево со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура се движи од минус еден до пет, а дневната ќе биде од 13 до 20 степени. Во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од југозападен правец. Претпладнето ќе има појава на слаба магла. Утринската температура се спушти до три, а дневната ќе достигне до 15 степени.