Џо Бајден на европска турнеја

Американскиот вице премиер Џо Бајден е во посета на Централна и Источна Европа, за на лидерите на Полска и на Чешка им ги намали стравовите за планови на САД за ракетен одбрамбен систем, што САД сакаше да го постави во Европа. Се очекува Бајден е да пристигне денеска во Варшава во тридневна посета. Во средата, тој треба да одржи работен ручек со полскиот премиер Доналд Туск, а потоа ќе има средба со претседателот Лех Качински Во четвртокот, Бајден ќе одржи разговори со романскиот претседател Трајан Басеску ,а во петокот, Бајден ќе отпатува во Прага на разговори со премиерот Јан Фишер и претседател Вацлав Клаус.