Разговорите во Бутмир, продолжуваат утре

Разговорите на седумте лидери на политичките партии во Босна и Херцеговина со претставниците на САД и на Европската унија денеска се прекинати и ќе продолжат утре во базата на НАТО , во близина на Сараево. На денешниот состанок во Бутмир не се расправало за пакет мерките на САД и на ЕУ туку за „принципите и што е можно да се направи во овој момент“.Премиерот на Република Српска истакнал дека на состанокот било побарано во уставните промени да се вгради можноста за референдум, но оти за другите учесници тоа не било прифатливо.