САД:Русија не го почитува примирјето со Грузија

Високиот американски официјален претставник за одбрана изјавил дека Русија не ја почитува согласноста за прекин на огнот со која се стави крај на минатогодишната војната со Грузија и повика меѓународните набљудувачи да бидат стационирани во отцепените области Абхазија и Јужна Осетија. За време на посетата на Тбилиси, американскиот помошник секретар за одбрана Александар Вершбов изјавил дека е неопходно да се има меѓународни набљудувачи во сепаратистичките региони, контролирани од Русија. Набљудувачи на Европската унија се распоредени на грузиската страна на Абхазија и Јужна Осетија, но на границата , не и на самата територија.