Русија ја подржува Србија, за Косово

Русија ќе продолжи да ја подржува Србија во врска со Косово, изјавил денеска рускиот претседател Дмитри Медведев, при посетата на Србија. А српскиот претседател Борис Тадиќ повторил дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово. Двајцата претседатели ја потврдиле соработката меѓу двете земји, особено на економски план. Претходно денеска, претставници од двете земји потпишаа 7 договори за соработка.