Уште една поддршка во ЕП за укинување на визите за Западен Балкан

Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент, синоќа го одобри извештајот за визна либерализација за земјите од Западен Балкан, подготвен од словенечката европратеничка Тања Фајон. Комитетот ги поддржа и амандаманите на белата шенген листа покрај Македонија, Србија и Црна Гора, условно да се додадат и Албанија и БиХ, а процес за визна либерализација да почне и за Косово. Визната либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора, според предлогот на Европската комисија, треба да стапи во сила на први јануари 2010 година.