Терористи од Пакистан одговорни за нападот во Иран

Шефот на иранската дипломатија Манучер Мотаки денеска изјави дека организацијата која стои зад неделниот напад врз иранската Револуционерна гарда била базирана во Пакистан. Тој не го прецизира името на групата. Иранските власти претходно за самоубиствениот напад во кој загинаа 42 лица ја обвинија сунитската бунтовничка организација Џундалах.