Поранешни хрватски војници уапсени поради убиство на цивили во БиХ

Хрватската полиција уапси седуммина поранешни хрватски војници, осомничени за убиство на српски цивили за време на војната во Босна и Херцеговина. Локалните медиуми објавија дека уапсените се осомничени за убиство на петмина српски воени заробеници во западна Босна, при крајот на војната, во 1995 година.