Босанските Срби ги отфрлија предлозите од ЕУ и САД

Лидерите на босанските Срби го отфрлија како неуставен пакетот мерки за уставни промени предложени од ЕУ и САД. Премиерот на Република Српска Милорад Додик оцени дека предлозите се антидејтонски, политички некоректни и неприфатливи како основа за разговори. Предлозите на меѓународната заедница не се јавно објавени. Босанските медиуми објавија дека со реформите се предвидува зајакнување на централната власт.