Европска турнеја на Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден доаѓа во посета на централна и источна Европа за да ги увери американските сојузници дека нема потреба од страв по укинувањето на плановите за поставување на противракетниот штит во Чешка и во Полска. Освен овие две земји, Бајден ќе ја посети и Романија.