Иран бара од ОН осуда на последниот бомбашки напад

Иран бара од ОН да го осудат бомбашкиот напад во кој минатиот викенд загинаа десетици луѓе, вклучувајќи и шестмина припадници на иранската револуционерна гарда. Иранскиот амбасадор во ОН вели дека одговорноста за нападот ја презела сунитската бунтовничка група Џандолах, или во превод Божјите војници. Претходно, главниот командант на револуционерната гарда ги обвини САД, Велика Британија и Пакистан дека имаат улога во нападот. Прозваните негираат каква било вмешаност во инцидентот.