Косово ќе именува амбасадор во Скопје, наредната година

Косово ќе именува свој амбасадор во Скопје, најверојатно на почетокот на следната година, објавија приштинските медиуми. Косовското министерство за надворешни работи соопштило дека за именување на амбасадор во Скопје, ќе бидат потребни најмалку три до четири месеци.