За Србија, посетата на рускиот претседател е од голема важност

Српскиот премиер денеска изјави дека престојната посетата на рускиот претседател Дмитри Медведев на Србија е многу важна за идните односи меѓу двете земји. Се очекува тие да разговараат за кредитот од 1,5 милијарди долари кои Русија и го вети на Србија .За време на посетата, Медведев исто така, ќе присуствува на прославата по повод ослободувањето на Белград од нацистичката окупација во Втората светска војна од страна на советските војници и локалните борци.