Во Северен Кавказ убиени 4 милитанти

Руската полиција соопшти дека во две одвоени прстрелки биле убиени четворица осомничени милитанти во Северен Кавказ. Во Дагестан биле убиени тројца мажи кои отвориле оган кон безбедносните сили, откако нивниот автомобил бил запрен на проверка. А во Чеченија бил убиен еден милитант кој се обидел да се скрие во една куќа.