Во напади во Авганистан, убиен 1 американски војник и 14 Талибанци

Во бомбашки напад во Авганистан е убиен еден американски војник , a 14 Талибанци биле убиени во два одделни напади на заедничките НАТО и авганистанските безбедносни сили, соопшти воен претставник без да даде други детали. Според статистичките податоци оваа година загинале 418 странски војници во Авганистан, во споредба со 294 во 2008 година.