Македонија ја ратификуваше спогодбата за границата со Косово

Македонското Собрание, доцна синоќа, со 72 гласа „за“ и 11 против, го ратификуваше Договорото за физичка демаркација на границата меѓу Македонија и Косово.На гласањето не присуствуваат пратениците на ЛДП и на Нова Демократија. На ратификувањето на Договорото му претходеше шестока расправија меѓу опозицијата и власта. Договорот за демаракција на границата претходно го ратификуваше и косовскиот Парламент, од втор обид откако првиот беше неуспешен бидејќи не го доби потребното двотретинско мнозинство.