Авганистанската Влада нуди награда за информации за Талибанците

Авганистанската влада понуди награда од 40 илјади долари во замена за информација за Талибанските милитансти кои се инфилтрирале во главниот град Кабул, соопштуваат од тамошното Министерство за внатрешни работи.Во соопштението се вели дека должност на секој партиот Авганистанец е да ја информира полицијата, доколку се сомнева дека бунтовници живеат или работат во нивна близина. Повеќе од 20 луѓе се убиени изминатите два месеци , откако Талибанците ги засилија нивните напади во услови на политичка криза кој настана по парламентарните избори во август.