Во Мадрид протест за Законот за имиграција

Стотици луѓе протестираат денеска во Мадрид, со барање да се отфрли предлог законот со кој се заострува шпанската имиграциона политика. Демонстрантите извикувале „Ниеден човек не е илегален“. Со измените им се отежнува на имигрантите да повикуваат свои роднини во посета., а на оној кој е затекнат како илегално влегува во земјата, му следува 60 дена притвор наместо досегашните 40. Се очекува парламентот да го усвои законот да крајот на годината.