Употребата на сила нема да не сопре

Лидерите на иранската опозиција денеска изјавија дека употребата на сила нема да смири пост-изборните протести и барањата за демократски промени во земјата. Опозициониот лидер Мир Хосеин Мусави и поранешниот Претседател Мохамед Катами соопштија дека ефектите ке бидат недоверба во владеачкиот систем и охрабрување на оние кои бараат промени. Илјадници беа уапсени, а 72 лица загинаа во суровите пресметки со демонстрантите кои протестираа против злоупотребите и реизборот на Махмуд Ахмадинеџат за Претседател на изборите на 12 Јуни. Владата ја потврди смрта на 30 лица.