Советот за човекови права го усвои извештајот за Газа

Советот на Обединетите нации за човекови права усвои резолуција со која се поддржува извештајот на судијата Ричард Голдстон за воени злосторства што израелците и палестинската организација ХАМАС ги извршиле во текот на судирите во Газа кон крајот на минатиот декември. Во тогашниот конфликт загинаа илјада и 400 палестинци и 13 израелци. И Израел и ХАМАС ги отфрлија обвинувањата во извештајот на Голдстон.