Самоубиствен напад во Ирак, најмалку 8 загинати

Најмалку 8 луѓе загинале, а околу 30 биле повредени во денешниот самоубиствен напад во ирачката провинција Ниневех. Полицијата соопшти дека нападот бил извршен во една сунитска џамија во близина на градот Мосул, кој претежно е населен од туркменци.