Протест на земјоделците во Франција

Земјоделците во Франција денеска одржуваат протести поради финансиските тешкотии, предизвикани од падот на цените на храната. Блокирани се некои регионални авто-патишта, а група земјоделци ја блокираа и улицата Шанзелизе во Париз. Лидерот на синдикатот на земјоделците ги повика властите да изготват план за итно дејствување, кој би предвидувал намалување на даноците.