Серија напади на милитантите во Пакистан

Пакистанската влада најави решителна битка против екстремистите, по најновиот бран насилства во кои загинаа над 40 луѓе. Денеска во Пешавар, при експлозија на бомба во полициска станица загинале 11 лица. Милитанти, поврзани со талибанците, вчера во Лахоре нападнаа полициски објекти,при што загинаа 26 лица, вклучувајки и 10-мина напаѓачи. Во напад со автомобил бомба во градот Кохат загинаа 11 лица, а во Пешавар настрада едно дете. Во разни напади на милитантите во Пакистан, само во последниве две недели, загинаа над 150 луѓе.