За 18 месеци, 25 вработени во Франс Телеком се самоубиле

Се самоубила вработена во Францускиот телеком, што е 25 жртва вработена во таа фирма за 18 месеци. Само пред два дена беше спречено самоубиството на вработен во Франс Телеком. Синдакотот на работниците вели дека стресот како последица на реконструкции и отпуштањата во фирмата е причина за самоубиствата на вработените. Синдикатот повика на протести за подобри услови на работа , кој ќе се одржи на 20 октомври. Поранешната државна компанија отпуши околу 22 илјади луѓе од 2006 до 2008.